Назив на папка
:
Закон за вршење на сметководствени работи
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за вршење на сметководствени работи
Краток опис на проблемот
:
Законот за вршење на сметководствени работи е донесен во 2012 година со цел уредување на условите за вршење на сметководствени услуги и формирање на Институт за сметководители и овластени сметководители. Од досегашната примена на Законот се утврди потреба за доуредување на определени прашања поврзани со организацијата на Институтот, континуираното професионално усовршување, контролата на работењето, надзорот над работењето на Институтот, како и за воведување на стручен испит за влез во сметководствената професија. Дополнително, мандатите на органи и комисии на Институтот се истечени или истекуваат, поради што има потреба и од уредување на начинот на избор на новиот состав на органите и комисиите на Институтот.
Цел на предлог законот
:
Доуредување на одредби за начинот на избор, надлежностите, составот, мандатот и престанување на членството во органите и комисиите на Институтот; Воведување на стручен испит за сметководител, односно овластен сметководител; Унапредување на постојниот концепт на континуираното професионално усовршување; Доуредување на одредбите за контролата на работењето; Изборот на органите и конститутивната седница на новиот состав Собранието во рок од шест месеци, по изборот на В.Д. Претседател на Институтот и Времена подготвителна комисија.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
07.04.2021 - 30.04.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
zvsr@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
zvsr@finance.gov.mk
Други информации
:
/