Назив на папка:
Закон за безбедност на мрежи и информациски системи
Назив на министерство:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот:
Предлог на Закон за безбедност на мрежи и иинформациски ситеми
Краток опис на проблемот:
Во моментов во Република Северна Македонија отсуствува правна регулатива во областа безбедност на мрежи информациски системи, и се наметна потребата за изготвување на овој закон. Исто така има потреба да се транспонира Директивата (ЕУ) 2022/2555 на Европскиот парламент и на Советот од 14 декември 2022 година во однос на мерките за високо заедничко ниво на сајбер-безбедност низ Унијата, односно НИС 2 Директивата. Овој Закон ќе овозможи обезбедување високо ниво на сајбер безбедност со цел заштита и понатамошен развој на општеството, поефикасна и поефективна градење и проширување на ИТ инфраструктурата, односно поефикасна и поефективна дигитална трансформација на јавниот сектор, повисок степен на отвореност со цел да се обезбеди развој на иновативни софтверски решенија, обуки за сајбер безбедност и дигитални вештини за вработените во јавниот сектор и граѓаните на Република Северна Македонија.
Цел на предлог законот:
Овој Закон ќе овозможи обезбедување високо ниво на сајбер безбедност со цел заштита и понатамошен развој на општеството, поефикасна и поефективна градење и проширување на ИТ инфраструктурата, односно поефикасна и поефективна дигитална трансформација на јавниот сектор, повисок степен на отвореност со цел да се обезбеди развој на иновативни софтверски решенија, обуки за сајбер безбедност и дигитални вештини за вработените во јавниот сектор и граѓаните на Република Северна Македонија.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
31.05.2023 - 18.10.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
ener.gov.mk ; mioa.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
mitko.aritonovski@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
Митко Аритоновски
Други информации:
/