Назив на папка
:
Закон за здравјето на растенијата
Назив на министерство
:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Назив на предлог прописот
:
Закон за здравјето на растенијата
Краток опис на проблемот
:
Здравјето на растенијата, мерките и обврските со појавата на штетни организми кај растенијата и растителните производи, превенцијата од нивното внесување и ширење, како и мерките за нивно сузбивање се регулирани со постоечкиот Закон за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11, 148/11, 69/13, 43/14, 158/14, 149/15, 39/16, 83/18) и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.150/21). Во тековниот Закон за здравјето на растенијата е транспонирана Директивата на Советот 2000/29/ЕЗ од 8 мај 2000 година за заштитни мерки против внесување и ширење на штетни организми во Заедницата, кои се штетни за растенијата и растителните производи и истата е укината со Регулативата (ЕУ) 2016/2031.
Цел на предлог законот
:
Со предлог Законот за здравјето на растенијата се врши усогласување на националното со актуелното европско законодавство, се воведуваат ефикасни мерки за справување со карантинските штетни организми, се уредуваат официјалните контроли од областа на здравјето на растенијата, условите за увоз, извоз и транзит, како и останати прашања.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
13.11.2024 - 22.11.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ener.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Надица Џерковска
Контакт телефон 070-403-814
Други информации
:
/