Назив на папка
:
Закон за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам
Краток опис на проблемот
:
Превенцијата од перење пари и финансирање на тероризам во Република Северна Македонија е регулирана со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (Службен весник на РМ бр. 120/2018 и 275/2019). Овој закон ги утврдува мерките и дејствијата за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам кои ги преземаат задолжените субјекти, како и работењето и надлежностите на Управата за финансиско разузнавање. Заради усогласување со ревидираните и дополнети меѓународни стандарди (препораки на меѓународното тело ФАТФ – FATF –Financial Action Task Force) и усогласување со 5-та Директива на ЕУ за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година (2018/843 ЕЦ), започната е подготовка на нов Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Во овој закон предвидено е да се имплемeнтираат и резултатите од Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам спроведена во 20
Цел на предлог законот
:
Усогласување со ревидираните и дополнети меѓународни стандарди (препораки на меѓународното тело ФАТФ и усогласување со 5-та Директива на ЕУ за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година (2018/843 ЕЦ).
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
03.11.2020 - 20.12.2020
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
contact@ufr.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
Плоштад Пресвета Богородица бр.3 , 1000 Скопје
contact@ufr.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Марија АнгеловскаСтојановска
Искра Дамчевска
Други информации
:
/