Назив на папка
:
Закон за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк
Назив на министерство
:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Назив на предлог прописот
:
Закон за Прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк
Краток опис на проблемот
:
Согласно барањата од член 92 став 5 од Законот за заштита на природата беше изработена Студија за валоризација на Шар Планина, со која земајќи ги предвид специфичните природни убавини, богатиот и ендемичен растителен и животински свет, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики и пејзажните и пределните вредности, се донесе заклучокот дека Шар Планина ги исполнува критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од 2 категорија - Национален парк.
Цел на предлог законот
:
Заради исклучителните природни вредности делови од Шар Планина се идентификувани како еден од најзначајните подрачја за зачувување на природата на национално, регионално и Европско ниво. Со прогласувањето на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк ќе се овозможи унапредување на заштитата, зачувувањето и одржливото користење на природните вредности и зголемување на површината на заштитени подрачја на национално ниво (за околу 2,1 %), односно од сегашните 8,9% на 11%.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.08.2020 - 12.10.2020
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.moepp.gov.mk
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
infoeko@moepp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Влатко Трпески, раководител на Сектор за природа и
Весна Индова, раководител на Сектор за ЕУ
Други информации
:
/