Назив на папка
:
Закон за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба
Назив на министерство
:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба (*)
Краток опис на проблемот
:
Законот за контрола на извоз на стоки со двојна употреба е изменет неколку пати и истиот делумно е усогласен со Регулативата на Европскиот парламент и Советот (ЕЗ) бр.428/2009. Потребата за донесување на овој закон е заради негово усогласување со Регулатива (ЕУ) 2021/821 на Европскиот парламент и на Советот од 20 мај 2021 година за воспоставување режим на Унијата за контрола на извозот, посредувањето, техничката помош, транзитот и трансферот на предмети со двојна употреба. Согласно Регулативата (ЕУ) 2021/821, потребно е истиот значително да се измени, т.е. да се донесе нов закон кој во значителна мерка ќе ги земе во предвид меѓународните обврски и задачи во делот на националната надворешна и безбедносна политика, вклучително и оние содржани во Заедничката позиција на Советот 2008/944/ЗНБП, вклучувајќи ги и човековите права, како и планираните размислувања за крајна употреба и ризик од злоупотреба.
Цел на предлог законот
:
Целта на предлог законот е да се уреди, односно доуреди материјата во оваа област во согласност со Регулатива (ЕУ) 2021/821 на Европскиот парламент и на Советот од 20 мај 2021 година за воспоставување режим на Унијата за контрола на извозот, посредувањето, техничката помош, транзитот и трансферот на предмети со двојна употреба.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
21.12.2023 - 09.01.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener.gov.mk, economy.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ener.gov.mk, vesna.jovanovska@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Весна Јовановска
Други информации
:
-