Назив на папка
:
Закон за општата управна постапка
Назив на министерство
:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот
:
Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка
Краток опис на проблемот
:
Анализата на примената на ЗОУП утврди определени практични проблеми.Сеуште не е воспоставена воедначена управна пракса на ниво на јавните органи, па голем дел од нив од објективни причини не можат целосно да се придржуваат кон одредбите согласно кои јавниот орган треба да определи овластени лица за водење на управната постапка.Измените и дополнувањата се во насока на допрецизирање и обезбедување на доследна примена на начелото на делегирање при одлучување во управна постапка,а опфатени се и запирањето на постапката, огласувањето на управен акт за ништовен и се вршат и номотехнички подобрувања на текстот.Предложените измени и дополнувања се во насока и на имплементирање на начелата за интероперабилност и усогласување со процесите на дигитализација.Концептот е-Влада обезбедува комуникација помеѓу институциите, како и комуникација со бизнис секторот и со граѓаните. За целосно имплементирање на процесите за дигитализација, потребна е истовремена и координирана измена на повеќе прописи.
Цел на предлог законот
:
Измени и дополнувања на Законот за управната постапка со цел допрецизирање на определние одредби и усогласување со процесита на дигитализација
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
15.09.2021 - 30.11.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
aneta.ivanova@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Анета Иванова Стојаноска
Други информации
:
/