Назив на папка
:
Закон за финансиските друштва
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиските друштва
Краток опис на проблемот
:
Зајакнувањето на пазарната позиција од страна на финансиските друштва во изминатиот период ја наметна потребата од зајакнување на регулаторните барања и стандарди кои треба да ги исполнуваат финансиките друштва. Со зголемувањето на бројот на финансиските друштва значително се зголеми и бројот на корисници на потрошувачки кредити. Поради ова, се јавува потреба за поголема заштита на граѓаните-корисници на кредит од финансиските друштва. Дополнително, факторингот како финансиска активност која можат да ја вршат финансиските друштва не е детално уредена, а со тоа и недоволно користена како алтернативен извор на финансирање од страна на компаниите.
Исто така, потребно е усогласување со соодветните законски решенија поврзани со процесот на дигитализација.
Цел на предлог законот
:
Со цел да се потенцира сериозноста и пристапот во работата на финансиските друштва, како и да се зголеми довербата кај населението и компаниите во овие финансиски институции, ќе се зајакне регулаторната рамка за работење на финансиските друштва. Со измените ќе се овозможи поголема заштита на граѓаните-корисници на кредит од финансиските друштва. Дополнително, ќе се доуреди финансиската активност-факторинг и ќе се изврши усогласување со соодветните законски решенија поврзани со процесот на дигитализација.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
18.10.2021 - 14.11.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
www.ener.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Иван Недев
Други информации
:
/