Назив на папка:
Предлог на Закон за социјални претпријатија
Назив на министерство:
Министерство за труд и социјална политика
Назив на предлог прописот:
Предлог на Закон за социјални претпријатија
Краток опис на проблемот:
Владата на Република Северна Македонија и засегнатите страни ја искажаа потребата од заедничко делување за поттикнување на развојот на социјалните претпријатија и екосистемот во кој делуваат, креирање и имплементација на политики и развивање на посилни односи меѓу чинителите во екосистемот на социјалните претпријатија. Со донесувањето и имплементацијата на овој пропис ќе се обезбеди препознавање, поттикнување и функционирање на социјалните претпријатија и во нашата земја.
Цел на предлог законот:
Се овозможува развој на социјалното претприемништво преку функционирањеч создавање поволна деловна средина за развојч обезбедување правно признавање, видливост и препознавање на потребата за развој од страна на институциите, фондовите и другите чинители, како иновативен модел за вработување, социјална интеграција на лицата во ризик од социјална исклученост, обезбедување производи и/или услуги; можност за инвестирање, еднаков пристап до фондовите за развој, програмите за вработување и унапредување на концептот на социјално претприемништво.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
27.10.2023 - 19.12.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
centarsp@mtsp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
centarsp@mtsp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
Маја Папатолевска
MPapatolevska@mtsp.gov.mk
Анкица Ивановски
AIvanovska@mtsp.gov.mk
Други информации:
Дискусија и расправа во процесот на изготвување на предлог на Законот за социјални претпријатија со членови на РГ претставници на министерства и органи на државната управа
-Скопје, 1.11.2023 во 12 ч во Центарот за социјални претпријатија, ул.Македонија бб.
Дискусија и расправа во процесот на изготвување на предлог на Законот за социјални претпријатија со членови на РГ претставници на граѓански организации, фондации, академска заедница
-Скопје, 2.11.2023 во 12ч во Центарот за социјални претпријатија, ул.Македонија бб.
Јавен увид на предлогот на Законот за социјални претпријатија од 6.11.2023 до 21.11.2023.
Најава за Јавна расправа по предлог на Законот за социјални претпријатија
-во Скопје, на 10.11.2023, петок, од 12ч, во Центарот за социјални претпријатија,
-во Битола, на 15.11.2023, среда, од 12ч, во Студентски информативен центар УКЛО Битола,
-во Штип, на 17.11.2023, петок, од 12ч, во зградата на општина Штип.