Назив на папка
:
Предлог на Закон за сметководство
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за сметководство
Краток опис на проблемот
:
Следејќи ги измените на правната рамка од областа на сметководството на ниво на Европската Унија, како земја кандидат за полноправно членство во Унијата, со Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, утврдена е обврска за натамошно усогласување на националното законодавство со Европското законодавство од областа на сметководството.
Исто така, потребата за натамошно усогласување на барањата за водење на сметководството и подготовката на финансиските извештаи е наведена и во Ажурираниот РОСК Извештај за сметководство и ревизија на Светска банка издаден во септември 2014 година.
Цел на предлог законот
:
Предлог на законот значи поголемо усогласување на правната рамка од областа на сметководството во Република Северна Македонија со законодавството на земјите членки на Европската унија. При тоа, донесувањето на законот се очекува да обезбеди позитивни ефекти како за трговците кои се обврзници за водење на сметководство и имаат обврска да подготвуваат финансиски извештаи, така и за пошироката јавност како корисник на овие информации.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.11.2022 - 01.06.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
marina.stanojkova@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Магдалена Симоновска, Државен советник
Други информации
:
/