Назив на папка
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Назив на министерство
:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот
:
Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Краток опис на проблемот
:
Директивата за АВМУ ја дава регулаторната рамка за европскиот единствен пазар на аудиовизуелни медиумски услуги. Република Северна Македонија веќе претходно го усогласи националното законодавство со Директивата за АВМУ (2010/13/ЕУ), но во 2018 година беа усвоени значајни измени на Директивата, поврзани со развојот на услугите по барање и услугите платформи за споделување видеа, како и промените во навиките на публиката кои потекнуваат од овие новитети кои се објаснети во Проценката на влијанието на Европската комисија (СЊД(2016) 169 финал).
Законодавството на Република Северна Македонија треба да се ажурира за соодветно да ја одразува сегашната содржина на Директивата за АВМУ и другите европски и меѓународни стандарди, што во неколку наврати беше посочено од страна на Европската комисија.
Цел на предлог законот
:
Усогласување на националната правна рамка со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија и меѓународните стандарди во поглед на променетата реалност на медиумскиот пазар, како и зајакнување на капацитетите на регулаторното тело за соодветно спроведување на новите надлежности и промовирање на саморегулација и корегулација.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.01.2023 - 31.03.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
valon.elezi@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Валон Елези
Други информации
:
/