Назив на папка:
НАЦРТ ЗАКОН ЗА АКАДЕМИЈАТА ЗА ЈАВНИ ФИНАНСИИ
Назив на министерство:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот:
НАЦРТ ЗАКОН ЗА АКАДЕМИЈАТА ЗА ЈАВНИ ФИНАНСИИ
Краток опис на проблемот:
Со овој закон се основа и уредува работењето на Академијата за јавни финансии како организациона единица во состав на Министерството за финансии, за спроведување обуки од областа на јавните финансии и обуки и испити во рамки на програмите за издавање уверенија/лиценци за овластени службеници и професии од областа на јавните финансии.
Цел на предлог законот:
Цел на основање на Академијата е обезбедување континуирана едукација на јавната администрација од областа на управувањето со јавните финансии во насока на создавање на модерна и стручна администрација за обезбедување квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
15.02.2021 - 06.03.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
trajko.spasovski@finance.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
trajko.spasovski@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
Трајко Спасовски
Други информации:
.