Назив на папка:
Закон за енергетска ефикасност (*)
Назив на министерство:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност (*)
Краток опис на проблемот:
Министерскиот Совет на Енергетската заедница донесе Одлука бр. 2021/13/MC-EnC (од 30.11.2021 година) и Одлука бр. 2022/03/MC-EnC (од 15.012.2022) со кои ги обврза договорните страни на Енергетската заедница, меѓу кои и Република Северна Македонија, да го транспонираат во своите национални законодавства Пакетот на Европската Унија за чиста енергија, прилагоден со одлуките на Министерскиот совет, најдоцна до 31.12.2023 година. Исто така, досегашната примена на важечкиот Закон за енергетска ефикасност укажа дека одредени законски решенија треба да се променат за да одговорат на новите потреби и развојни трендови во глобалниот и домашниот енергетски сектор.
Цел на предлог законот:
усогласување со изменетата Директива (ЕУ) 2018/2002 на Европскиот парламент и на Советот од 11 декември 2018 година за изменување и дополнување на Директивата 2012/27/ЕУ за енергетска ефикасност
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
07.08.2023 - 01.09.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
ЕНЕР и
www.economy.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
ЕНЕР
valentina.stardelova@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
Валентина Старделова
Други информации:
досегашната примена на важечкиот Закон за енергетска ефикасност укажа дека одредени законски решенија треба да се променат за да одговорат на новите потреби и развојни трендови во глобалниот и домашниот енергетски сектор.