Назив на папка
:
Закон за воспоставување на советодавен систем за земјоделство и рурален развој
Назив на министерство
:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Назив на предлог прописот
:
Закон за воспоставување на советодавен систем за земјоделство и рурален развој
Краток опис на проблемот
:
Со овој закон се уредуваат условите за воспоставување на советодавниот систем за земјоделство и рурален развој, обезбедувањето советодавни услуги, условите за сертификација на советници, овластување, регистрација и лиценцирање на давателите на советодавни услуги, водење регистер на даватели на советодавни услуги и на советници, како и други важни прашања за организацијата и спроведувањето на советодавниот систем за земјоделство и рурален развој.
Цел на предлог законот
:
Воспоставување на квалитетен советодавен систем преку обезбедување совети за правилна примена на законодавството на ЕУ и националното законодавство во областа на земјоделството и руралниот развој. Советодавниот систем се воспоставува со цел да се подигне и подобри нивото на знаење, вештините и капацитетот на земјоделците во руралните средини, преку обезбедување совети за правилна примена на добрите земјоделски и еколошки практики, како и помош во поддршката за подобрување на конкурентноста во земјоделството и оддржливите земјоделски практики.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
19.07.2022 - 16.08.2022
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
www.ener.gov.mk, info@mzsv.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Гоце Георгиевски, раководител на сектор за рурален развој, тел +3892 3241 821
Боро Каевски, помлад соработник во одделение за наука, истражување и советодавни услуги, тел 070/410-434,
Други информации
:
/