Назив на папка:
Закон за проспект и обврски за транспарентност на издавачите на хартии од вредност
Назив на министерство:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот:
Закон за проспект и обврски за транспарентност на издавачите на хартии од вредност
Краток опис на проблемот:
Со Законот за проспект и обврски за транспарентност на издавачите на хартии од вредност се уредува Проспектот кој ќе биде составен од повеќе документи и ќе ја олесни постапката за издавање на хартии од вредност на издавачите, бидејќи кога издавач еднаш веќе добил одобрение од Комисијата за документот за регистрација како составен дел од проспектот, при наредното издавање на хартиите од вредност до Комисијата, ќе треба да достави на одобрување само белешка за хартиите од вредност и резиме на проспектот. Предлог Законот ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на инвеститорите, со што ќе се зголеми довербата на националните и на меѓународните инвеститори и ќе се стимулира нивното поактивно учество што позитивно ќе влијае на националната економија.
Цел на предлог законот:
- ќе се уреди можноста за издавачите на хартии од вредност да издаваат проспект како единствен документ, или како проспект составен од повеќе документи, како што се документ за регистрација, белешка за хартиите од вредност и резиме на проспектот и
- ќе се овозможат највисоки стандарди за заштита на инвеститорите во согласност со Европската Унија во делот на обелоденување на информациите од страна на издавачите со користење на идентичен систем за објавување на податоци од страна на издавачите.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
08.03.2023 - 08.04.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
magdalena.simonovska@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
Магдалена Симоновска
Други информации:
/