Назив на папка
:
Предлог на закон за системот на плати во јавниот сектор
Назив на министерство
:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за системот на плати во јавниот сектор
Краток опис на проблемот
:
Во законодавството во Република Северна Македонија не постои единствен платен систем за пресметката на платите на вработените во институциите од јавниот сектор, односно нема единствена методологија за пресметка на платите на вработените во јавниот сектор. Пресметката и исплатата на платите во институциите од јавниот сектор моментално се врши врз основа на посебни закони и колективни договори, а во некои институциии дури и со правилници-спротивно на начелата и одредбите од Уставот. Евидентно е дека не постојат јасни правила и воедначена Методологија за пресметка на платите во Законодавната власт, Извршната власт, Судската власт, Локалната самоуправа, Избраните, именуваните и назначените лица и Трговските друштва во целосна државна сопственост.
Цел на предлог законот
:
Донесување на нов закон
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.11.2022 - 15.02.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
petar.bogucevski@mioa.gov.mk
laura.ajdini@mioa.gov.mk
saso.mitev@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Петар Богучевски
Лаура Ајдини
Сашо Митев
Други информации
:
Целта на донесувањето на новото законско решение е воспоставување на единствен систем на пресметка на плати во јавниот сектор