Назив на папка:
Закон за пасиштата
Назив на министерство:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Назив на предлог прописот:
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПАСИШТАТА
Краток опис на проблемот:
со предложените измени и дополнување на Законот за пасиштата се решава статусот на пасиштата како добро од општ интерес за државата, промените во останатите прописи од областа на земјоделството кои имаа влијание врз начинот на искористување на пасиштата, се покажа потреба од регулирање, односно уредување на политиката во стопанисувањето со пасиштата и со што ќе се овозможи правилно и законито искористување на пасиштата во државна сопственост со со цел да се овозможи на надлежните органи, едноставен, целосен и прецизен увид во податоците за состојбата со пасиштата во државна сопственост, а сето тоа во насока на поефикасно остварување на целите на земјишната и на националната земјоделска политика. Со предложените измени и дополнувања на Законот за пасиштата се предвидуваат усогласени надлежности на Владата на Република Северна Македонија
Цел на предлог законот:
Целта што сака да се постигне со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон е поцелисходно и порационално искористување на пасиштата како добро од општ интерес, а сето тоа во насока на поефикасно остварување на целите на земјишната политикаи на националната земјоделска политика.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
01.03.2021 - 19.05.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
www.mzsv.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
info@mzsv.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
femi.isen@mzsv.gov.mk
Други информации:
/