Назив на папка
:
Зaкон за спортска академија
Назив на министерство
:
Министерство за образование и наука
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и дополнување на Законот за спортска академија
Краток опис на проблемот
:
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за спортска академија се доуредуваат одредени одредби од законот кои се однесуваат на наставниот план и програми кои се реализираат во спортска академија, запишувањето на учениците во спортска академија, условите кои треба да ги исполнуваат стручните лица од областа на спортот (тренери, помошници тренери и физиотерапевти) и начинот на нивното ангажирање во спортска академија.
Цел на предлог законот
:
Зголемување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во Спортската академија, како и подобрувањето на условите на учениците во реализацијата на тренинзите, како дел од наставниот план и наставните програми.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
14.11.2024 - 02.12.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
natalija.kizevska@mon.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Наталија Кижевска, раководител на сектор
Други информации
:
/