Назив на папка
:
Закон за Јавното обвинителство
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за дополнување на Законот за јавното обвинителство
Краток опис на проблемот
:
Согласно Законот за јавното обвинителство(,,Службен весник на РСМ‘‘ бр.42/2020) предвидена е законска обврска на јавните обвинителства да го применуваат системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства при распределба и прераспределба на тековните предмети кај јавните обвинители. Со оглед на тоа дека во актуелното законско решение не е предвиден надзор во јавните обвинителства, се јави потребата од донесување измени на овој закон со цел воспоставување на контрола за правилно спроведување на одредбите од законот
Цел на предлог законот
:
Донесувањето на овој Закон произлегува од потребата за зајакнувањето на механизмите за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и се прецизира надлежноста на органите и телата утврдени со законот за вршење на надзорот. Исто така измената која се предлага е согласно основната намера на Владата на РСМ за членство во ЕУ а и е во духот на реформите во областа правосудство и негово натамошно унапредување.Од наведените причини, се оцени дека е неопходно да се пристапи кон итна измена на одредбите од овој закон.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
15.09.2023 - 31.12.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
http://www.pravda.gov.mk,cabinet@mjustice.gov.mk, mbrindevska@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
valentina.saurek@mjustice.gov.mk
Други информации
:
/