Назив на папка
:
Закон за здравственото осигурување
Назив на министерство
:
Министерство за здравство
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување на Законот за здравственото осигурување
Краток опис на проблемот
:
Согласно Законот за здравственото осигурување, во постапката за остварување на правата и обврските од задолжителното осигурување се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка. Правата се остваруваат во Фондот врз основа на уредно поднесено барање. Фондот носи решение, на кое осигуреното лице има право на жалба до министерот за здравство во рок од 15 дена, а решението по жалба треба да биде донесено во рок од 60 дена. Во управната постапка за правото на лекување во странство, второстепена лекарска комисија ги преиспитува позитивните мислења од првостепената. Предложениот закон ги усогласува одредбите со Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, со тоа што второстепената управна постапка да се води пред Државната комисија. Се редефинира и улогата на второстепената лекарска комисија, во согласност со препораките на Државниот завод за ревизија.
Цел на предлог законот
:
Со Законот за основање на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор, се утврдува нејзината надлежност за решавање по жалби против акти од јавни органи. Предлог-законот предвидува второстепената управна постапка од областа на задолжителното здравствено осигурување да се води пред Државната комисија, а улогата на второстепената лекарска комисија да се редефинира, во согласност со препораките на Државниот завод за ревизија.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
26.09.2024 - 26.10.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk.
www.moh.gov.mk,
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ana.petrovska@zdravstvo.gov.mk
Министерство за здравство
Ул:„50-та Дивизија“ бр.14 Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Ана Петровска
Други информации
:
Нема