Назив на папка:
Закон за вршење на официјални контроли
Назив на министерство:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Назив на предлог прописот:
Закон за вршење на официјални контроли
Краток опис на проблемот:
Овој закон се применува за официјални контроли спроведени за да се потврди усогласеноста на прописите на Република Северна Македонија во областите
- на безбедност на храната
- на намерно ослободување на генетски модифицирани организми (ГМО) во животната средина
- на безбедност на храната за животни
- барања за здравствена заштита на животните
- спречување и намалување на ризиците по здравјето на луѓето и животните кои произлегуваат од животински нуспроизводи и добиени производи од нив
- барања за благосостојба на животните
- мерки за заштита на растенијата од штетни организми
- барањата за пуштање во промет и употреба на производи за заштита на растенијата и одржливо користење на пестициди
-органско производство и означување на органски производи
- употреба и означување на заштитените ознаки за потекло, заштитени географски ознаки и гарантирани традиционални специјалитети
Цел на предлог законот:
-да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и животните, како и на животната средина при дефинирање и спроведување на политиките и активностите во областа на безбедноста на добрата, и
-да се постигне високо ниво на заштита на потрошувачите преку мерките кои се донесени во врска со исполнувањето на внатрешниот пазар
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
18.04.2023 - 18.05.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
stmickova@fva.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
Светлана Томеска Мицкова, Агенција за храна и ветеринарство
Други информации:
/