Назив на папка
:
Закон за аудиовизуелните добра
Назив на министерство
:
Министерство за култура
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за дополнување на Законот за аудиовизуелните добра
Краток опис на проблемот
:
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за аудиовизелните добра во 2015 год, меѓу другото се изврши и измена на одредбите кои се однесуваат на стекнувањето со стручни звања во областа во дејноста за заштита на аудиовизуелните добра, особено во однос на постапката и условите за избор и реизбор во изборните стручни звања виш филмолог и филмолог советник. Со Законот се пропиша дека рецензионата комисија е составена од претседател и два члена кои ги именува министерот со мандат од две години, а за да може да бидат именувани истите треба да бидат работници со стручно звање филмолог-советник. Со оглед на тоа што во Република Македонија недостасуваат лица со стручно звање филмолог советник кои ќе можат да членуваат во рецензионата комисија, постои објективна пречка за формирање на рецензиона комисија, поради што и подолг период не се спроведува постапката за избор и реизбор во стручните звања, виш филмолог и филмолог советник.
Цел на предлог законот
:
Со донесувањето на Предлогот на закон ќе се пропише правен основ за претсетадел и член на резензионата комисија да може да биде именувано и лице - научен работник со звање доктор на науки од областа на заштита на аудиовизелните добра или од сродните области, со што ќе се создадат формални предуслови за формирање на рецензиона комисија, а вработените во Националната установа-Кинотека на Македонија ќе можат да го остварат своето законско право.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
02.04.2018 - 03.05.2018
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.kultura.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
f.gorsovska@kultura.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
f.gorsovska@kultura.gov.mk
Други информации
:
/