Назив на папка
:
Закон за контрола на индустриски емисии
Назив на министерство
:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Назив на предлог прописот
:
Закон за контрола на индустриски емисии
Краток опис на проблемот
:
Со овој закон се уредуваат правата и должностите на Република Северна Македонија, на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, како и правата и должностите на правните и на физичките лица, во обезбедувањето услови кои се потребни за интегрирано спречување и контрола на загадувањето предизвикано од индустриски активности, како и во обезбедување услови за спречување, или доколку тоа не е возможно намалување на емисиите во воздух, вода и почва и спречување на генерирањето на отпад, со цел да се постигне високо ниво на заштита на животната средина како целина, заради остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина.
Цел на предлог законот
:
Цел на овој закон е спречување, намалување и колку што е можно спречување на загадувањето кое е предизвикано или кое може да настане од спроведување на индустриски активности во согласност со начелото ‘загадувачот плаќа’, како и начелото „спречување на загадувањето“.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
24.09.2021 - 29.10.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
n.aliti@moepp.gov.mk
b.tateshi@moepp.gov.mk
s.gligorova@moepp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
n.aliti@moepp.gov.mk
b.tateshi@moepp.gov.mk
s.gligorova@moepp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Беса Татеши, Раководител на Одделение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето
Други информации
:
(1) Цел на овој закон е спречување, намалување и колку што е можно спречување на загадувањето кое е предизвикано или кое може да настане од спроведување на индустриски активности во согласност со начелото ‘загадувачот плаќа’, како и начелото „спречување на загадувањето “, преку:
(a) создавање на рамка со која ќе се овозможи контрола на индустриските активности согласно одредбите на овој закон, делување во изворот на загадувањето, притоа обезбедувајќи разумно управување со природните ресурси, како и земјаќи ја во предвид доколку е потребно, економската ситуација и локалните услови каде што се одвива активноста, и
(б) обезбедување на соодветен интегриран пристап за спречување и контрола на емисиите во воздухот, водата и почвата, управување со отпадот, енергетска ефикасност и превенција од несреќи.