Назив на папка
:
Закон за Македонската банка за поддршка на развојот
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот
Краток опис на проблемот
:
Заради олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни компании, особено во услови на отежнато работење и намалени приходи и ликвидност како последица од пандемијата, Владата на Република Северна Македонија усвои мерка за воспоставување на државна гарантна шема преку Развојната банка на Република Северна Македонија. Со оваа мерка ќе се овозможи поддршка на приватниот сектор преку преземање на дел од кредитниот ризик, подобрување на условите за колатерал по кредити од деловните банки и стимулирање на банките во понудата на долгорочни кредити за раст и развој на микро, мали и средни компании.
Цел на предлог законот
:
Основна цел на Предлогот на закон е да се олесни пристапот до финансиски средства за микро, мали и средни компании, особено во услови на отежнато работење и намалени приходи и ликвидност како последица од пандемијата.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
10.10.2020 - 10.11.2020
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ivana.jovic@finance.gov.mk
lence.tagasovska@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Ленче Тагасовска
lence.tagasovska@finance.gov.mk
Други информации
:
/