Назив на папка
:
Закон за централен регистар на население
Назив на министерство
:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и дополнување на Законот за централен регистар на население
Краток опис на проблемот
:
Постојниот Закон за централен регистар на население како прв закон со ваков опфат и предмет на уредување го регулира права, обврски и одговорности на органите на државната управа и другите правни и физички лица во однос на користењето и размената на податоците содржани во Централниот регистар на население. По три годишна примена на законот, како и започнувањето на примената на Законот за заштита на лични податоци, потребно е подобрување и меѓусебно усогласување, а се со цел на доследна примена на истите.
Цел на предлог законот
:
Со измените и дополнувањата на Законот за Централен регистар на население ќе се воспостави надградување на податоците со поврзување, право на размена заради унифицирање и подобрување на квалитетот на истите, како и подобрена заштитата на целокупниот систем
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.05.2022 - 01.09.2022
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
nikola.nikolov@mioa.gov.mk
slavica.davkovska@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Никола Николов
Други информации
:
/