Назив на папка:
Закон за јавните претпријатија
Назив на министерство:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот:
Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија
Краток опис на проблемот:
Јавните претпријатија се основаат заради вршење на дејности од јавен интерес. Јавни претпријатија во име на Република Северна Македонија основа Владата на Република Северна Македонија, во име на општината советот на општината и во име на градот Скопје Советот на градот Скопје.
Органи на јавното претпријатие се:
- Управен одбор,
- Директор и
- Надзорен одбор.
Управниот одбор на јавното претпријатие се состои од најмалку пет, а најмногу 15 членови.
Законот за јавните претпријатија ја регулира работата и делувањето на јавните претпријатија. Законот содржи услови за назначување на членови на управни одбори, директори и членови на надзорни одбори. Сепак условите за назначување на членови на управни и надзорни одбори се премногу општи и не се поврзани со самата надлежност на јавното претпријатие. Во однос на назначувањето на овие лица, недостасува мерит процедура, односно не е регулирана постапка за избор на најдобар кандидат, во случаи кога има повеќе кандидати за една позиција. Во однос
Цел на предлог законот:
Целта на овие измени на Законот за јавните претпријатија е да се воспостави мерит процедура за селекција и назначување на членови на управните и на надзорните одбори во јавните претпријатија. Дополнително законот пропишува и услови за разрешување на членовите на управните и надзорните одбор на јавните претпријатија, ги зајакнува критериумите за членови на управни и надзорни одбори, го намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори, како и утврдува профил на лица кои можат да бидат членови на управни и на надзорни одбори.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
31.03.2021 - 01.05.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
ЕНЕР и
www.economy.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
biljana.mickovska@economy.gov.mk
georgi.trajcev@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи
Други информации:
www.economy.gov.mk