Назив на папка
:
Закон за авторското право и сродните права
Назив на министерство
:
Министерство за култура
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права
Краток опис на проблемот
:
Со Предлогот на закон се врши усогласување со Директивата 2014/26/EC за колективно управување, со Директивата 2011/77/ЕУ за изменување на Директивата 2006/116/ЕУ за времетраењето на заштитата на авторското право и сродните права, со Директивата 2012/28/ЕУ за дозволено користење на делата сираци, како и со Договорот од Маракеш за олеснување на пристапот до објавени дела за лицата кои се слепи. Измените и дополнувањата на Законот за авторското право и сродните права се предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година.
Со Предлогот на законот се врши и усогласување на Законот со Законот на прекршоците, од аспект на утврдување на распон на износ на висината на глобите кои се изрекуваат на физички, правни лица и одговорни лица во правните лица за прекршоците утврдени со овој закон.
Цел на предлог законот
:
Хармонизација со европското законодавство и подобрување на законската рамка за колективното управување со цел заштита на авторското право и сродните права.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
07.06.2021 - 30.06.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
f.gorsovska@kultura.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Фросина Ѓоршовска
Други информации
:
/