Назив на папка
:
Закон за установите
Назив на министерство
:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за установите
Краток опис на проблемот
:
Установа е форма на организирање заради вршење на јавна услуга како дејност која не е подведена под трговска дејност утврдена со закон(нестопанска дејност) и која може со закон да биде утврдена како дејност од јавен интерес.
Установата може да биде јавна, приватна и мешовита.
Јавна установа може да основа Република Северна Македонија со средства во државна сопственост како државна (национална) установа, општина или градот Скопје со средства во сопственост на општината, односно градот Скопје како општинска јавна установа, односно јавна установа на градот Скопје (во натамошниот текст: јавна установа).
Органи на установите се: управен одбор (орган на управување),директор, орган за внатрешна контрола (орган за надзор) и други органи утврдени со закон и статутот на установата.
Ако со друг закон поинаку не е определено, органот на управување на установата го сочинуваат претставници на основачот и најмалку една третина од членовите - претставници на стручниот орган доколку со закон е пропиша
Цел на предлог законот
:
Целта на овие измени на Законот за установите е да се воспостави транспарентна процедура за селекција и назначување на членови на органи на управување и на органите за надзор во јавните установи. Законот ги зајакнува критериумите за членови на органи на управување и органи за надзор во јавни установи, го намалува нивниот број, како и утврдува профил на лица кои можат да членуваат во нив.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
16.04.2021 - 07.05.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ЕНЕР и
https://www.economy.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
biljana.mickovska@economy.gov.mk
georgi.trajcev@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи
Други информации
:
https://www.economy.gov.mk