Назив на папка
:
Закон за странците
Назив на министерство
:
Министерство за внатрешни работи
Назив на предлог прописот
:
Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за странци
Краток опис на проблемот
:
Со Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за странци се врши преточување на одредбите на Уредбата со законска сила за примена на Законот за странци (*) за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија бр.71/20, 125/20 и 169/20), создавање на услови за престој на такнаречни „дигитални номади“, усогласување со Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/20), како и надминување на практични проблеми при имплементацијата на Законот.
Цел на предлог законот
:
Со усвојување на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за странци (*) ќе се изврши преточување на одредбите на Уредбата со законска сила за примена на Законот за странци (*) за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија бр.71/20. 125/20 и 169/20), создавање на услови за престој на такнаречни „дигитални номади“, усогласување со Законот за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/20).
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
05.10.2021 - 31.10.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
Веб страницата на Министерството за внатрешни работи и ЕНЕР
www.moi.gov.mk и www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
www.moi.gov.mk и www.ener.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Весна Доревска, помошник на министерот во Одделот за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси
Други информации
:
/