Назив на папка
:
Закон за заштита на почвите
Назив на министерство
:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Назив на предлог прописот
:
Закон за заштита на почвите
Краток опис на проблемот
:
Република Северна Македонија нема сеопфатна законска рамка за управување и заштита на почвите, која би ја дополнил постоечката правна рамка за заштита на животната средина.Оваа состојба доведува до недостаток на конкретни мерки за управување и заштита на почвите во Република Северна Македонија, како еден од трите медиуми на животната средина.
Цел на предлог законот
:
Предлог на Законот за заштита на почвите има за цел да го уреди управувањето и заштитата на почвите како медиум на животната средина.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
30.03.2024 - 30.12.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.moepp.gov.mk
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
Министерство за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета Богородица бр.3, Скопје
infoeko@moepp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Билјана Петкоска, Раководител на Сектор за животна средина, Министерство за животна средина и просторно планирање
Драгана Черепналковска, Помошник раководител на Сектор за Европска Унија
Други информации
:
/