Назив на папка
:
Закон за стручно образование и обука
Назив на министерство
:
Министерство за образование и наука
Назив на предлог прописот
:
Закон за стручно образование и обука
Краток опис на проблемот
:
Со овој закон се уредуваат организирањето, структурата и управувањето на системот на стручното образованиеи обука. Се регулира декадел од системот на образованието кој обезбедува индивидуален развој на личноста преку стекнување компетенции, знаења и вештини во одреден сектор неопходни за вклучување на пазарот на трудот или продолжување на образованието.
Цел на предлог законот
:
(1) Основна цел на стручното образование и обука е стекнување знаења, вештини и компетенции од секторите во Национална рамка на квалификации за вклучување на пазарот на трудот или за продолжување на образованието.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
18.04.2021 - 10.05.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
dana.biskoska@mon.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Дана Бишкоска, раководител на сектор за средно образование, образование на возрасните и доживотно учење
Други информации
:
/