Назив на папка
:
Закон за спречување на корупцијата
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси
Краток опис на проблемот
:
Проблеми во примената на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, поради нејасни одредби или недостаток на соодветни одредби.
Цел на предлог законот
:
Надминување на утврдените слабости во текстот на Законот: Недостатокот од доволни односно јасни одредби со кои се утврдуваат постапки од надлежност на Државната комисија за спречување на корупцијата и актите кои ги донесува ДКСК; Ограничениот опфат на лица чија имотна состојба може да биде предмет на испитување;Недоволна разновидност на мерките кои можат да се изречат за прекршување на одредбите од Законот;Нејасност на одредени одредби, вклучително и недоволно утврдено значење на поимите..
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
21.04.2021 - 31.12.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
http://www.pravda.gov.mk, cabinet@mjustice.gov.mk, mpsorabotka@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
mimoza.kikovska@mjustice.gov.mk
Други информации
:
Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 (Сектор 5.1. Политички систем, Проблем 3, Сектор 5.3. Органи за спроведување на законот, Проблем 2, Мерка 4)Годишен извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата 2019 година (страници 49-53)Годишен извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата 2020 година (страници 36-40).