Назив на папка
:
Закон за Судскиот совет на Република Македонија
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија
Краток опис на проблемот
:
Во досегашното спроведување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија беа лоцирани одредени недостатоци, за чие што надминување од страна на Оценската мисија на Европската Унија беа дадени конкретни предлози. Министерот за правда формираше Работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија согласно дадените препораки од Оценската мисија на Европската Унија. Работната група одржа 23 состаноци на кои беа адресирани релевантните препораки од Оценската мисија
Цел на предлог законот
:
Согласно Развојната секторска стратегија за правосудство предвидено е ревидирање на одредбите од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија кои се однесуваат на индивидуалната дисциплинска одговорност на членовите на Советот со посебен фокус на дефинирање на причините поради кои може да се иницира постпаката, органот/телата кои ќе постапуваат и правото на жалба. Исто така, ќе се постапи согласно препораките од извештајот од Оценската мисија на Судскиот совет.Целта на законските измени е да се зајакне независноста на судството
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
13.06.2024 - 31.10.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener.gov.mk/
http:www.pravda.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
Министерство за правда/Ministria e Drejtësisë
ул.„Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000 Скопје /rr. “Dimitrie Çupovski” nr. 9, 1000 Shkup
nprokopenko@mjustice.gov.mk
ltasev@justice.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Никола Прокопенко - Државен советник/
Други информации
:
/