Назив на папка:
Закон за Центар за обука на административните службеници
Назив на министерство:
Министерство за информатичко општество и администрација
Назив на предлог прописот:
Предлог Закон за стручно усовршување и обука на административните службеници
Краток опис на проблемот:
Со овој закон се уредува работењето на Центарот за обука на административни службеници, неговиот статус, дејност, органите на управувањето, финансирањето, стручното усовршување и обуките на административните службеници како и други прашања од значење за Центарот.
Цел на предлог законот:
Целта на законот е обезбедување на квалитетно, професионално, непристрасно, ефективно и ефикасно работење на државните службеници вработени во органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон (во натамошниот текст Ч државни службеници) преку нивно постојано стручно усовршување и обучување.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
01.09.2023 - 02.11.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
mitko.aritonovski@mioa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
Митко Аритоновски
Други информации:
/