Назив на папка:
Закон за употребата на македонскиот јазик
Назив на министерство:
Министерство за култура
Назив на предлог прописот:
Предлог на закон за употребата на македонскиот јазик
Краток опис на проблемот:
Во 1998 година, државата поттикната од алармантните состојби во врскасо неправилната употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, го донесе Законот за употребата на македонскиот јазик. Иако Законот за употребата на македонскиот јазик има позитивни ефекти во подигањето на јазичната култура во државата, во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот.
Цел на предлог законот:
Со донесувањето на Законот за употребата на македонскиот јазик ќе се придонесе кон подигањето на јазичната култура, негувањето и заштитата на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, како и кон почитувањето, унапредувањето и афирмацијата на јазичниот стандард.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
03.01.2023 - 10.02.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
f.gorsovska@kultura.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
Фросина Ѓоршовска
Други информации:
/