Назив на папка
:
Закон за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк
Назив на министерство
:
Министерство за образование и наука
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк
Краток опис на проблемот
:
Со Законот за субвенциониран студентски оброк се уредува правото на студентите за субвенциониран студентски оброк како и начинот и критериумите за субвенционирање.
Со оглед дека по измените и дополнувањата на овој закон од 2021 година успешно се врши исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на околу 31.000 студенти, потребно е важноста на овие законски решенија да се продолжи за уште една академска година и тоа за 2022/2023 академска година.
Токму ова се и причините за донесување на Законот за изменување на Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк.
Цел на предлог законот
:
Измените во Законот за изменување на Законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк се вршат со цел да се продолжи со исплатата на овие средства во насока на подобрување на стандардот на студентите.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
30.08.2022 - 11.09.2022
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
WWW.ENER.GOV.MK
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
milka.masnikosa@mon.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Лидија Михајловска
Други информации
:
/