Назив на папка
:
Закон за вештачење
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за вештачење
Краток опис на проблемот
:
Законската рамка која детално ја уредува областа вештачење за прв пат беше воведена во 2010 година со донесување на Законот за вештачење. До сега истиот беше менуван и дополнуван вкупно пет пати и тоа во 2014, 2015 и 2018 години. Поради големиот број лоцирани слабости и недостатоци во актуелниот закон, се наметна потребата од донесување на нов закон кој ќе придонесе кон зголемувањето на ефикасноста и воспоставувањето на функционален систем за вештачење.
Цел на предлог законот
:
Целта произлегува од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) и нејзиниот Акциски план каде што е наведено дека системот на судско вештачење во голема мера влијае врз ефикасноста и на квалитетот на судските постапки. Поради големиот број упатени критики за актуелниот закон, потребно е да се пристапи кон ревидирање на системот на судско вештачење преку донесување на законски измени.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
24.09.2021 - 31.12.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
cabinet@mjustice.gov.mk, vsaurek@mjustice.gov.mk, mbrindevska@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
valentina.saurek@mjustice.gov.mk
Други информации
:
/