Назив на папка
:
Кривичен законик
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Кривичниот законик
Краток опис на проблемот
:
Потреба за усогласување на одредбите од законикот со меѓународните стандарди во одредени области и праксата на Европскиот суд за човекови права, како и отстранување на лоцираните недостатоци во сегашниот закон, а се со цел за квалитетно, ефикасно и ефективно уредување на казненото материјално право.
Цел на предлог законот
:
Во рамките на реформата на казненото право е започнат процес на целосна ревизија на Кривичниот законик, кодификација на кривичните дела пропишани во други закони и изготвување на нов законик согласно меѓународните документи.Во предлог законот ќе бидат вградени сите најнови меѓународни стандарди, и тоа од областа на тероризмот, еколошкиот криминал, финансиските измами, недозволеното производство и трговија со оружје. Воедно, посебно внимание ќе биде посветено и на редефинирање на казнената политика во пропишувањето на казните.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
03.05.2022 - 31.12.2022
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
http://www.pravda.gov.mk,cabinet@mjustice.gov.mk, AndrijanaGjorgjevska@mjustice.gov.mk, nprokopenko@mjustice.gov.mk,
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
nikola.prokopenko@mjustice.gov.mk
Други информации
:
/