Назив на папка
:
Закон за внатрешни работи
Назив на министерство
:
Министерство за внатрешни работи
Назив на предлог прописот
:
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи
Краток опис на проблемот
:
Со Законот за внатрешни работи нормативно-правно се уредуваат организацијата и надлежноста на Министерството за внатрешни работи, внатрешните работи, категориите, статусот и посебните должности и овластувања на работниците во Министерството и слично.
Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи се врши ревидирање на конкретни одредби од Законот за внатрешни работи согласно стратешките определби на Министерството за внатрешни работи во функција на имплементација стратешки документи во конкретни области, донесени во соработка и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за периодот 2023 -2025 година.
Воедно, со предложениот закон се врши и подобрување на одредени решенија во насока на подобрување на функционирањето на определени процеси во Министерството кои се регулираат со Законот за внатрешни работи, како и содржинско и нормативно-правно унапредување на предвидените законски решенија со цел нивна доследна практична имплементација.
Цел на предлог законот
:
Со усвојување на предложените решенија ќе се постигне унапредување на одредени законски решенија согласно Стратешките определби на Министерството за внатрешни работи во функција на имплементација на стратегии и документи донесени во соработка и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за периодот 2023-2025 година, во кој се содржани генералните правци во кои оваа институција ќе развива одделни сегменти содржани во стратешките документи, согласно степенот на приоритет и можностите за нивна ефикасна имплементација.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
29.11.2023 - 09.01.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
elena_spasovska@moi.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Снежана Петровиќ - Арсовска, помошник на министерот во Одделот за правни работи и управување со човечки ресурси
Други информации
:
/