Назив на папка
:
• Закон за регулирање на статус на бесправно изградени објекти
Назив на министерство
:
Министерство за транспорт и врски
Назив на предлог прописот
:
Закон за регулирање на статус на бесправно изградени објекти
Краток опис на проблемот
:
Постапувањето со бесправно изградени објекти во Република Северна Македонија претходно е уредено со Законот за постапување со бесправно изградени објекти („Службен весник на Република Македонија“ број 23/11, 54/11, 155/12, 72/13, 44/12, 115/14, 199/14, 124/15, 129/15, 217/15, 31/16 и 190/17) а предмет на истиот се бесправните објекти изградени заклучно со 3 Март 2011 година. Со овој закон неколку пати е продолжуван рокот за доставување на барање, меѓутоа од причини што голем дел од барателите не ја доставиле потребната документација во законски утврдените рокови, дел од објектите и понатаму се без утврден правен статус.Исто така од страна на Заедницата на единиците на локална самоуправа укажано е дека во поголем дел од единиците на локална самоуправа евидентирани се бесправни градби кои се изградени после 3 март 2011 година.
Цел на предлог законот
:
Регулирање на статусот на бесправно изградени објекти кои се изградени пред 1 јануари 2021 година при што објектите кои ќе ги исполнат законските услови ќе се запишат во Катастарот на недвижности, а објектите кои нема да ги исполнат законските услови се предвидува да бидат отстранети.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
19.07.2021 - 31.08.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
martin.odzaklieski@mtc.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Мартин Оџаклиески
Други информации
:
/