Назив на папка
:
Закон за природата
Назив на министерство
:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Назив на предлог прописот
:
Закон за природата
Краток опис на проблемот
:
Со Предлог-Законот за природа се врши целосно транспонирање на ЕУ законодавството за заштита на природата, односно Директивата 2009/147/ЕЗ на Советот за зачувување на дивите птици и Директивата 92/43/ЕЕЦ на Советот за зачувување на природните живеалишта и на дивата фауна и флора
Цел на предлог законот
:
Се воспоставува правен основ за утврдување на Листа на Европски подрачја и Европски подрачја за птици, односно воспоставување и развој на Европската еколошка мрежа Натура 2000 на национално ниво.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
04.10.2024 - 31.12.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.moepp.gov.mk
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
infoeko@moepp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Влатко Трпески
Билјана Тешева Ѓоргиевска
Други информации
:
Со Предлог-Законот за природа се врши целосно транспонирање на ЕУ законодавството за заштита на природата, односно Директивата 2009/147/ЕЗ на Советот за зачувување на дивите птици и Директивата 92/43/ЕЕЦ на Советот за зачувување на природните живеалишта и на дивата фауна и флора. Се воспоставува правен основ за утврдување на Листа на Европски подрачја и Европски подрачја за птици, односно воспоставување и развој на Европската еколошка мрежа Натура 2000 на национално ниво.
Во насока на заштита на дивите видови согласно ЕУ Директивата за живеалишта се воведува правен основ за изработка на акциски планови за живеалишта и видови од Европско и национално значење, што придонесува кон исполнуавње на обврските од истата. Се воведува правен основ за спроведување на соодветна оценка на секој плански документ или проект кој не е директно поврзан со или неопходен за управување со предложено или определеното Европското подрачје и/или Европското подрачје за птици...