Назив на папка
:
Закон за вештачење
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за вештачење
Краток опис на проблемот
:
Потребни се измени и дополнувања на законот со цел отстранување на лоцираните недостатоци и создавање на услови за непречна примена на законот.
Цел на предлог законот
:
Законот за вештачење е донесен во 2023 година, како закон со европско знаменце, кој е усогласен со европските стандарди во областа вештачење.
Од донесувањето до сега, лоцирани се недостатоци и недоречености на законот, а тоа доведува до проблем во примената на законот во практиката.
Работната група формирана во Министерството за правда има за задача да подготви измени и дополнувања на законот, кои ќе овозможат доследна примена на истиот и воспоставување на функционален и ефикасен систем за вештачење.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
07.03.2025 - 31.05.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener.gov.mk,
http:www.pravda.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
Министерство за правда
ул.„Димитрие Чуповски“ бр. 9,1000 Скопје ,
cabinet@justice.gov.mk, nmikeska@justice.gov.mk, lkicheec@justice.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Николина Микеска Костадиновска,
Леона Кичеец
Други информации
:
.