Назив на папка
:
Закон за обновливи извори на енергија
Назив на министерство
:
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за обновливи извори на енергија
Краток опис на проблемот
:
Министерскиот Совет на Енергетската заедница донесе Одлука бр. 2021/13/MC-EnC (од 30.11.2021 година) и Одлука бр. 2022/03/MC-EnC (од 15.012.2022) со кои ги обврза договорните страни на Енергетската заедница, меѓу кои и Република Северна Македонија, да го транспонираат Пакетот на Европската Унија за чиста енергија (прилагоден со одлуките на Министерскиот совет) во своите национални законодавства, најдоцна до 31.12.2023 година.
Исто така, досегашната примена на одредбите за обновливи извори на енергија од важечкиот Закон за енергетика укажа дека одредени законски решенија треба да се променат за да одговорат на новите потреби и развојни трендови во глобалниот и домашниот енергетски сектор.
Имајќи предвид дека во многу други држави во регионот обновливите извори на енергија се регулираат со посебни закони одвоени од другите енергетски закони и дека материјата претставува засебна целина, се пристапува кон донесување на посебен Закон за обновливи извори на енергија.
Цел на предлог законот
:
Усогласување со дел од законодавниот Пакет на Европската Унија за чиста енергија, односно со Директивата ЕУ 2018/2001 за обновливи извори на енергија и Регулативата ЕУ 2018/1999 за управувањето со Енергетската Унија и активностите во областа на климата
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
25.10.2023 - 30.11.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ЕНЕР и
www.economy.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ЕНЕР и
valentina.stardelova@economy.gov.mk
Ismail.luma@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Валентина Старделова
Исмаил Лума
Други информации
:
/