Назив на папка
:
Закон за установите за средно образование на верските заедници
Назив на министерство
:
Министерство за образование и наука
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за установите за средно образование на верските заедници
Краток опис на проблемот
:
Нов предлог на Закон за установите за средно образование на верските заедници, кој се донесува врз основа на Уставот на РСМ, Законот за средното образование Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група, а со кој се уредува правниот статус на установите засредно образование, основани од верските заедници
Цел на предлог законот
:
Со овој закон се уредува организацијата и работата на установите за средно образование и верските заедници
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
05.06.2025 - 07.07.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
natalija.kizevska@mon.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Наталија Кижевска -Раководител на сектор за средно образование и доживотно учење
Други информации
:
/