Назив на папка
:
Закон за органско земјоделско производство
Назив на министерство
:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Назив на предлог прописот
:
Закон за органско земјоделско производство
Краток опис на проблемот
:
Со новиот Законот за органско земјоделско производство се обезбедува основа за одржлив развој на органското производство и неговите позитивни влијанија врз животната средина, притоа осигурувајќи ефективно функционирање на внатрешниот пазар на органски производи и лојална конкуренција, на тој начин помагајќи им на земјоделците да остварат објективен приход, осигурувајќи ја довербата кај потрошувачите, заштитувајќи ги интересите на потрошувачите и поттикнувајќи кратки дистрибутивни канали и локално производство. Тие цели треба да се постигнат преку усогласеност со општите и конкретните начела и општите и деталните правила за производство кои се применливи врз органското производство.
Со новиот Законот за органско земјоделско производство правилата за производство ќе бидат поедноставени и дополнително усогласени преку укинување на исклучоците и отстапувањата, како и олеснување на сертификацијата за малите земјоделци, благодарение на новиот систем за групно сертифицирање.
Цел на предлог законот
:
Предлог законот има за цел придонес кон заштита на животната средина и климата, одржување на долгорочната плодност на почвите, придонес кон високо ниво на биолошка разновидност, значителен придонес кон здрава животна средина, придонес кон високо ниво на стандарди за благосостојба на животните и, особено, во задоволување на специфичните потреби на однесување на животните специфични за конкретните видови животни, поттикнување на кратки дистрибутивни канали и локално производство, поттикнување на зачувувањето на ретки и автохтони раси на животни.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
23.02.2023 - 23.03.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
www.ener.gov.mk info@mzsv.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Валентина Митева, раководител на одделение за органско земјоделско производство, Сектор за земјоделство
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство тел. 070 313 090
Други информации
:
/