Назив на папка
:
Закон за матичната евиденција
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за матичната евиденција
Краток опис на проблемот
:
Одредбите во Законот се застарени и невоедначени во однос на поимите и решенијата со кои се уредува регистрирање на раѓање на дете и смрт. Воедно, одредбите на овој закон не кореспондираат со одредбите од другите закони што влијае на остварување на правата на граѓаните.Заради ефиксано остварување на правата на граѓаните, потребно е уредување на дигитализација на процесите во Управата за водење на матичните книги и издавање на дигитални документи.
Цел на предлог законот
:
Со Предлог на Законот ќе се вградат одредби за: -видовите и содржината на матичните книги, -дополнителен упис во матична книга на родени на лица по истек на рок и дополнителен упис на лица кои се родени во домашни услови, -меѓународна правна соработка во областа на матичната евиденција, -постапка за правно признавање на родот и -дигитализација и интероперабилност.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
16.01.2023 - 30.06.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
http://www.pravda.gov.mk, cabinet@mjustice.gov.mk, mpsorabotka@mjustice.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 9, 1000, Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
tanja.kikerekova@mjustice.gov.mk
Други информации
:
Ги повикуваме сите што се заинтересирани да учествуваат во процесот да го пријават својот интерес на: mpsorabotka@mjustice.gov.mk