Назив на папка
:
Кривичен законик
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик
Краток опис на проблемот
:
Во 2023 година Собранието на Република Северна Македонија го донесе Законот за иаменување и дополнување на Кривичниот законик со кој, меѓу другото, беа направени измени во следниве кривични делаЧ злоупотребата на службена должност и положба, несовесно работење во службата и злосторничко здружување. Со наведените измени и дополнувања беа предизвикани несогледливи штетни последици што значително негативно влијаеше врз казнената политка во изрекувањето на казните и во однос на застарувањето на голем број предмети за овие кривични дела.
Цел на предлог законот
:
Целта на овој закон е отстранување на идни штетни последици предизвикани со измените на Кривичниот законик од септември 2023 година во однос кривичните делаЧ злоупотребата на службена должност и положба, несовесно работење во службата и злосторничко здружување. Исто така, во овие измени и дополнувања ќе бидат вградени и неколку други најургентни одредби заради надминување на лоцирани недостатоци во примената на Кривичниот законик.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
16.04.2025 - 30.06.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener.gov.mk,
http:www.pravda.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
Министерство за правда
ул.„Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000 Скопје,
nprokopenko@justice.gov.mk,
nmikeska@justice.gov.mk,
ltasev@justice.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Никола Прокопенко - државен советник,
Николина Микеска – раководител на сектор,
Лазар Тасев – помлад соработник,
Други информации
:
/