Назив на папка
:
Закон за извршување
Назив на министерство
:
Министерство за правда
Назив на предлог прописот
:
Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за извршување
Краток опис на проблемот
:
Примената на одредбите од член 205-а и член 239-а од законот создаде проблеми во праксата на извршителите при спроведување на извршувањата врз недвижен имот, со Законот за платежни услуги и платни системи се воведе нов начин на извршување од сметките на должниците кај носителите на платежни услуги, примената на дигиталната технологија во сите сфери на општественото живеење ја наметна потребата од воведување и на електронско јавно наддавање, проблеми при примената на одредбите за достава и поедноставување на постапките во интерес на доверителите и должниците, непостоење на одредби за професионалните стандарди на извршителите, ја наметна потребата за измена на законот и доуредување на одредби од законот со цел доследна примена на законот од извршителите при спроведувањето на извршувањата.
Цел на предлог законот
:
Усогласување со Законот за платежни услуги и платни системи, прецизирање на одредбите за продажба на идна ствар и недвижност со незапишани права, воведување на електронско јавно наддавање, воведување на професионалните стандарди за извршителите, регулирање на статусот на замениците на извршителите и измена или дополнување на неприменливи одредби од законот.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
27.02.2025 - 01.09.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.pravda.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ул„.Димитрие Чуповски„ бр. 9 Скопје, svelkoska@justice.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Славица Велкоска 075 388-706
Други информации
:
/