Назив на папка
:
Закон за квалитетот на земјоделските производи
Назив на министерство
:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи
Краток опис на проблемот
:
Предвидените измени и дополнувања се однесуваат на дел 9 од Законот - Уредување на пазарот на млеко односно со истите се врши поедноставување на процедурата за обука на земачи на проби за анализа на квалитетот на суровото млеко. Воедно, во истиот дел се врши и усогласување на одредени одредби со Законот за безбедност на храната со цел да се избегне двосмисленост.
Цел на предлог законот
:
Целта на предлог законот е соодветна имплементација и воспоставување на системот за вреднување и исплата на суровото млеко согласно добиените резултати од лабораториските анализи. Воедно се воспоставува и интегриран систем за внесување, обработка, и анализа на внесените податоци од анализите, преку кој ќе може соодветно да се следи квалитетот на суровото млеко од секој фармер поединечно и да се интервенира во случај на отстапувања кој индицираат на болест на кравите, лоши хигиенски услови, манипулација со млекото итн.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
18.04.2023 - 14.05.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
igor.despotovski@mzsv.gov.mk info@mzsv.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Игор Деспотовски, сектор за маркетинг и квалитет на земјоделски производи
Други информации
:
/