Назив на папка
:
Нацрт на закон за системот за проценка на лица со попреченост
Назив на министерство
:
Министерство за труд и социјална политика
Назив на предлог прописот
:
Нацрт на закон за системот за проценка на лица со попреченост
Краток опис на проблемот
:
Со овој закон се уредува системот на проценка на лицата со попреченост, организацијата, надлежноста, групите вработени и начинот и изворите на финансирање на Централното координативно тело за проценка на лица со попреченост, условите и постапката за лиценцирање на лицата кои вршат проценки, условите и постапката за сертифицирање на обучувачи кои спроведуваат обуки за вршење проценки, начинот на вршење на проценка на лицата со попреченост и издавање на наод и мислење и потврда за лице со попреченост, надоместоците и трошоците во системот за проценки на лица со попреченост, воспоставувањето и водењето на регистарот на лицата кои вршат проценки и на регистарот на лица со попреченост, воспоставувањето и администрирањето на информацискиот систем за проценка на лицата со попреченост, како и други прашања од значење за системот за проценки.
Цел на предлог законот
:
Проценка во смисла на овој закон претставува утврдување на попреченост како долготрајна телесна, интелектуална, ментална или сетилна оневозможеност на лице, што во интеракција со различните општествени бариери може да го спречи неговото целосно и ефективно учество во општеството на еднаква основа со другите граѓани, како и определување на нивото на преостаната работна способност и потребна поддршка на лицето.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
15.05.2023 - 15.06.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
SDodeva@mtsp.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
SDodeva@mtsp.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Сања Додева
Други информации
:
//